Намалување на цената за патарини нема да има

Интензивното градење на патарините на автопатот Миладиновци, за брзо ќе ги замати сметките на граѓаните од источниот регион. Со нивното пуштање во употреба ќе се добие само брзо, но не и евтино патување до главниот град. Граѓаните сметаат дека патарини мора да има оти на тој начин се одржуваат патиштата, но три на автопат со должина од седумдесетина километри е некоректно.
„Срамота!Ова го нема ни во Србија,ни во Хрватска! Ова е многу скапо за Македонија. За патарини 320или 360 е премногу за нас! Дефинитивно не треба да има толку патарини. Една е доволна. Минимум 100ден, тоа би требало да биде реално. Ние сме веќе богата земја.Имаме милионери,зошто да немаме и патарини.Од патарините ќе се прават нови патишта, но да не се украдат-коментираат граѓаните.
Надлежните категорични. Намалување на цената за патарини нема да има! Таа се одредува согласно правилник, рече вчера директорот на Јавното претпријатие за државни патишта во Штип.
„Според ЗАконот за државни патишта е определено 2,57денари по километар и според тоа на сите автопатишта низ државата ние имаме патарини и врз основа на тоа законско решение ние ги одедуваме висините на патарините„-изјави вчера во Штип Ејуп Рустеми, директор на ЈПДП.
Едната патарина е лоцирана кај село Кадрифаково и таму ќе се плаќа 50денари. Дополнителни 70денари ќе се наплаќаат и кај Преод. По оваа математика наместо досегашните 80, патарините во двата правци граѓаните ќе ги чинат 320денари.
Александра Ристевска