Намален род, неизвесни цени и откуп – производителите на ориз во паника

Се доцни овогодинешната жетва на ориз. Поради ладната пролет собирањето на плодот ќе се одложи најдоцна до крајот на октомври. Доколку и понатаму продолжи топлото време прво ќе се жнеат турските сорти . Новата жетва, оризарите ќе ја стартуваат со старите проблеми. Неизвестност околу откупот и цената е она што ги тишти земјоделците.

    „Исто како лани и полани, народот пак ќе лелека. Род ќе има, ќе нема кој да го земе. Ќе аллува народот, нема да може да прежвеат. Сигурно откупната цена  на арпата ќе биде по 18 и 15денари, а оризот ќе се продава по 50 или 40денари. Не верувам дека ќе ја качат цената„-изјави

Поради сушата, во споредба со лани  годинава, оризот е намален за една третинa. се очекува род од 500 до 600килограми од декар . Приносите ќе бидат стандардни, калкулираат оризопроизводителите. Поради ниските цени дел од минатогодишната реколта земјоделците се уште ја чуваат по амбарите.

        „Откупот тешко се одвива. Потрошувачката е слаба. Откупувачите велат дека се полни . Стариот ориз некој успеа да го продаде, на други пак уште им е во амбарите . Јас мојот лански ориз одвај го продадов пред кратко време „–изјави Ласто Трајков-оризопроизводител од Уларци.

     Неизвестност се уште постои и кај лозарите. Стравуваат дека 60-70% од овогодинешниот род ќе им остане по лозјата. Бараат вишокот што ке остане по лозјата да го откупи државата и ако треба нека заврши на  депониите. Засега најавените протести се ставени во мирувањње со цел да се види како денови  ќе тече откупот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста