Намален надоместокот за посмртнина, пензионерите револтирани

Намалување на посмртнината за 5000денари на нозе ги крена штипските пензионери. Бараат  Сојузот на здруженија на пензионери уште еднаш да ја преиспита одлуката што стапи во сила на 1ви февруари , во спротивно излегуваат на протести. Плнираат да  формират штрајкувачки обор кој ќе ја преземе целокупната работа на Сојузот. Намалување на посрмтнината, а зголемување на чланарината зза 30денари, без да бидат консултирани здруженијата во внатрешноста, за пензионерите е апсурд..

 „Некој работи на своја главА и заеднички ќе страдаме сите. Опремнината беше 30.000, а сега 25.000, бројка што на некој начин дури е и за потсмев. Денес по некоја слободна проценка , само еден сандук е околу 20.000, да не зборуваме за крстот, местото и ред други работи„-изјави Миланчо Маневски од Здружение на инвалидски пензионери-Штип

Од Сојузот на здруженија на пензионери потврдуваат дека е донесено ваква одлука и разликата од 5.000денари на семејствата , ќе почне да се исплаќа откако ќе се акумулираат доволно средства во солидарниот фонд. Ваквата одлука ја правдаат со зголемениот број на смртни случаи  на пензионери кои во 2021 година се движел околу 1800 месечно.

И моменталното покачување на пензиите, нема да го решат социјалниот статус на пензионерите, реагираат од здружението според

  „Начинот за зголемување на пензиите е голем проблем , иако сите велиме дека овој проблем е решен . јас се прашувам ако е така ќе земеме по три месеци по 900 , а што ќе земеме после ако стопанството не се зголеми. Што ќе земеме после Нова година?„-прашува Маневски

Во Штип околу 7000пензионери  едвај преживуваат и се на работ на егзистенција.  Според Маневски за да се подобри  финансиска состојба не треба да се крати од нив, туку да се донесат законски решенија  за забрана за апанажа, како и намалување  на платите и премиите што ги добиват пратениците.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста