НАкС незадоволни – Владата не одговора на нивните барања
Независниот академски синдикат ги бара 10-те отсто покачување итно. Апелираа до спикерот Џафери, но прашањето не беше ставено пред пратениците до распуштањето на Собранието. Му пишаа и на Спасовски но и оттаму молк.
Алармираат дека во високото образование со години се негува висока корупција. Тврдат дека Универзитетите кои се во блиски односи со власта имаат можност да го зголемуваат академскиот кадар, додека оние кои немаат, исклучени се од таа можност.
- Оние универзитети, факултети, институти кои се во блиски односи со одговорните од структурите на власта, од различни причини, добиваат согласности за вработување ..- изнајави проф.д-р.Маја Стевановиќ
Од друга страна, факултетите мораат да примаат повеќе студенти за да си ги обезбедат платите.
- Нашите решенија се: под итно да се воспостават критериуми за финансирање, генерално на универзитетите и на научните институти, тоа е едното, а во поглед на платите предлагаме колективен договор.. – рече професорката Маја Стевановиќ
Средствата за образование имаат постојан тренд на намалување во последниве години. Од 4,4% од БДП во 2010 година е намелен на 3,5 % во 2018 година. Во надолен тренд се и средствата кои се вложуваат во високото образование, споредено со 2010 година каде 1,1% од БДП се вложувале во високото образование во 2018 година се сведени на 0,8% покажуваат истражувањата на синдикатот .
Кон крајот на минатата година, министерот Адеми се согласи за покачување на платите во високото образование во висина од 10%. Потоа следуваше директни услови да се формира нов синдикат, настрана од СОНК, со кој би потпишал колективен договор ако професорите сакаат 10 проценти покачување.
Викторија Миткова