Наќе Георгиев остана без 10.000 евра ама и без судскиот имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место

Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со одлука ги отвори вратите тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.

„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.

Георгиев бил фатен со 10.000 евра мито, пари кои според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Кешот во евра го земал од синот на ексградоначалник на Ново Село, кој беше фатен во шверц на марихуана и одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава, токму лицето кое му ги дало парите. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.

Како што објави Алфа, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица Кисела Вода беше однесен околу 17 часот, а околу 22 часот со цивилни возила на полицијата, сокриен од медиумите, беше однесен во канцелариите на Врховниот суд.

Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )