Најпогодените компании слабо аплицирале за исплата на плати

Слаб интерес на фирмите за државна помош за исплата на плати. УЈП примила 23.860 барања. Најпогодените сектори со малку апликации. Иако постојат околу 4.500 фирми во угостителството, биле поднесени 2.377 барања. Туристичките агенции имале 253 апликации, компаниите од транспортната дејност 2.177, а објектите за сместување 258 барања.

Владата очекуваше 35 илјади фирми со 250 илјади вработени да аплицираат за мерките, но од УЈП се задоволни од интересот. Уште не се знае колку од оние што добија отказ се вратени на работа. Додека фирмите велат 20 илјади откази, Агенцијата за вработување излезе со податок за 9 илјади отпуштени работници. За директорката на УЈП не е спорно тоа што оваа бројка прв ја соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев пред таа официјално да биде објавена.

На почетокот на месецов, многу граѓани се пожалија дека при самиот влез во мобилната апликација МојДДВ, автоматски донирале ДДВ и покрај тоа што не ја избрале оваа опција. Директорката на УЈП вели дека во наредните неколку дена овие граѓани треба да добијат инструкции што да направат за да добијат пари на своите сметки. Досега 8.700 лица одлучија да го донираат повратот на ДДВ во износ над 150 илјади евра.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста