Најмногу снег на Шапка и Маврово – патиштата чисти, но, забранети за камиони и автобуси

Снегот ги донесе вообичаените проблеми- недоволно расчистени или непроодни патишта.Од утрото забрана за камиони и автобуси има воведено за патните правци Тетово-Попова Шапка, како и за Гостивар –Кичево и Маврово-Дебар.Механизација работи на терен,но,патиштата не се целосно исчистени.На Попова Шапка наврна најмногу снег и токму кон овој зимски центар треба особено да се внимава.

Од прилика има 30-тина см нов снег,времето е ладно, но, добро е нема ветер.Патот е прооден, гостите што имаа букирано кај нас еве стигаат, значи патот е ок – изјави Жарко Неделковски – Хотел” Арена”- Попова Шапка.

Во општина Маврово-Ростуше велат дека состојбата била стабилна, патиштата не се целосно исчистени, но ќе се работело целиот ден.

Состојбата во моментов е стабилна, во постојана комуникација сме со сите.Досега нема проблеми, во однос на тоа некој да има здравствени проблеми, па да не може да биде пренесен некаде, очекуваме во текот на денот сите патишта да бидат проодни. – вели Медат Куртовски – градоначалник на Маврово-Ростуше.

На поширокото полошко подрачје нема некои поголеми проблеми со снегот, освен кај планинските села, кои се потешко проодни. На голема внимателност низ патиштата и обавезно поседување зимска опрема се апелира денеска и следните неколку денови,кога се најавени минусни температури и голомразица.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста