Најмладиот милионер во Македонија има само шест години

Додека некои мака мачат да земат минималец, други се богатат. Лани Битолчанец најмногу заработил во земјава, дури 3 и пол милиони евра – информира УЈП. По него, следува жена од Скопје чии приходи изнесувале 2,8 милиони евра. И покрај високата сума, Битолчанецот не заработил ниту приближно до 17-те милиони евра остварени од најбогатиот во 2018-та.

Највисока плата, пак, била исплатена на Стружанец кој пријавил бруто приход од скоро два милиони евра. Тој работи во индустријата со метали, а месечно во просек земал дури 156 илјади евра.

Некој добро се заработува и од привремено вршење на услуги. Па така, за извршени услуги кон градежна компанија Скопјанец наплатил 790 илјади евра минатата година.

Друг Скопјанец, пак, остварил највисока капитална добивка од речиси 1 и пол милион евра. за оваа сума го продал сопственичкиот удел во странска компанија.

Најмногу од дивиденда или 3,4 била исплатена на Битолчанец, сопственик на компанија во областа на гадежништвото.

 Директорката на УЈП, Лукаревска вели дека најмладиот милионер во Македонија има 6 години, додека најстариот 101 година.

Додека некои ги бројат милионите, стотици работници низ земјава не земале плата за сработеното, некои и со месеци наназад. УЈп пред 10-тина дена објави дека фирмите продолжуваат со злоупотребите на државната помош. 179 компании добиле, но не исплатиле 86 илјади евра на 338 вработени во месец октомври. Лукаревска тврди дека на некои од нив им биле пуштени само опомени, а на некои веќе им биле блокирани сметките и одземени парите. Разочарувачки е тоа што на „црната листа“ на фирми кои злоупотребиле државни пари се вртат исти компании за кои веќе се потврди дека направиле криминал и во периодот од април до јуни. За ноември барања за државна помош доставиле 13.800 фирми за 65 илјади вработени.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста