Најмалку тројца загинати при терористички напад во сирискиот град Тал Абијад

Тројца цивили загинаа кога експлодира автомобил-бомба во северниот дел на Сирија на границата со Турција, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во експлозијата што се случи во индустриската зона во градот Тал Абијад повредени се повеќе од 20 лица.

Министерство за одбрана на Турција за нападот ги обвини курдските борци. Во Тал Абијад претходно се случија два слични терористички напади во кои загинаа најмалку 21 човек.

Тал Абијад е под контрола на сириските сили поддржани од Турција, а претходно беше под контрола на курдските сили.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста