НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемата болница во Газа без кислород и вода, тврди директорот

Најголемата болница во Газа без кислород и вода, тврди директорот

Директорот на болницата Мухамад Абу Салмија изјави дека таа останала без кислород и вода и дека пациентите врескаат од жед.

„Условите во болницата се трагични. Војската ја разнесе главната линија за снабдување со вода и упадна во сите одделенија на болницата. Никој не може да се движи од една во друга зграда, ја изгубивме комуникацијата со колегите“, кажа Абу Салмија.

Се проценува дека во болницата се останатите 650 пациенти, 500 вработени и 5.000 раселени цивили.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста