Најголема излезност до 19 часот во четвртата изборна единица

Во четвртата изборна единица има најголем интерес за гласање. Во оваа изборна единица излегле 53,22 отсто од пријавените гласачи. Во третата изборна единица на гласање излегле 51,51 отсто од заведените гласачи. Во првата изборна единица, според податоците од ДИК, до 19 часот, правото на глас го оствариле 47,30 отсто, во петка гласале 44.87 отсто од гласачите, во двојка 43.37 отсто.

Најслаба излезност има во шестка, каде гласале само 35,46 отсто од гласачите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста