Најголем број на заболени од Ковид-19 во Македонија се на возраст од 40 до 49 години

Министерството за внатрешни работи го објави неделниот извештај од Институтот за јавно здравје за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Според податоците, се забележува промена во старосната граница кај новозаболените, односно најголем број од заболените се на возраст од 40-49 години.

-Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели при што најголем процент се лица помеѓу 40–49 години 21,1%, потоа лица над 60 години 20,6%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,4% и кај лица од 50-59 години – 19,7%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,2%, и од 10-19 години – 3,5% од вкупниот број на новозаболени, се наведува во извештајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста