Најдобрите судии за најголемото суперлигашко дерби

Суперлигашкото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра утре (сабота), а правдата на овој меч, очекувано, ќе ја делат најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пресметка во Јане Сандански, која почнува од 17 часот, е од исклучителна важност во борбата за титулата, иако е дел од 3.коло. Токму овие две екипи важат за најголеми фаворити на патот кон тронот. Доаѓа во момент кога Вардар се подготвува за осминафиналниот двомеч со Веспрем во ЛШ, а Пелистер е среде двобојот со Магдебург во ЛЕ.  Утре се играат уште три интересни дуели. Металург со новиот тренер Иван Марковски од 15 часот ја пречекува втората екипа на Пелистер, додека Пролет од 16.30 е домаќин на Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста