НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВЕЧЕРВА СЕ СОБИРААТ ЗА НАСТАПОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Најдобрата македонската фудбалска репрезентација од денеска е на собир во Скопје од кој по извесно време, по нецели две седмици, и ќе заминеме на деби настапот на Европските првенства односно дуелите од првата фаза против Австрија, Украина и Холандија. Вечерва треба да дојдат 21 од повиканите 26 фудбалери од страна на Игор Ангеловски, затоа што попуст за освежување добија поискусните и попотрошените Горан Пандев и Аријан Адеми кои на кампот ќе му се приклучат дури пред првата пријателска на 1 јуни, и Велковски, Хасани и Шишковски кои ќе пристигнат веднаш по клупските обврски. Строгите КОВИД протоколи се уште се практикуваат околу А фудбалскиот тим, па вечерва има тестирање, а од утре се тргнува со тренинзи. Пријателските со Словенија и Казахстан се следната недела во Скопје, заминувањето за Букурешт е планирано за 8 јуни, а првиот меч таму, и во рамки на Ц групата од Европското е на 13. со Украина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста