НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ГО СОВЛАДАА КАЗАХСТАН (4-0) ВО ПОСЛЕДНАТА КОНТРОЛА ПРЕД ЕП

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со победа од пријаталската со Казахстан од 4-0 ќе патува на Европското првенство што секако е добро за амбиентот во црвено жолтиот табор на нецели десет дена до првата средба во Букурешт. Во последната контрола во Скопје малку изменет состав, добра форма, малку повеќе проверка и поставување на варијанти за тоа што не очекува и би можеле да го демонстрираме на континенталниот шампионат каде противниците се, секако, далеку поквалитетни и поконкурентни. Пријателските ја исполнија својата цел и во делот на игра и во ефикасност, а истото го велат и во нашиот табор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста