НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ДЕНЕСКА (18.00) ИГРААТ КАЈ ЕРМЕНИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП

Македонија не е далеку од нов голем успех, учество на уште еден гламурозен фудбалски настан, во случајот Светското првенство во Катар до година, но коцките треба да се наместат, а ние пред се, денеска треба да славиме во Ереван. Славје и три бода со Ерменија во дуелот од 18 часот е основниот услов црвено жолтите да го продолжат очигледниот подем кој за прв пат не однесе на Европско и сега не држи високо, на делба на третото место во квалификациската група Ј за Мундијалот во катар со заостаток од само еден бод во однос на втората Романија. Проблем за нас е тоа што Романија си решава сама и ние немаме влијание на тоа, а и тоа што денешниот наш домаќин Ерменија е со ист број на бодови како и ние, а со тоа и со идентични шанси за место во плеј офот. Се е познато освен тоа како ќе се одвива мечот попладнево на Вазген Саргисјан стадионот во Ереван.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста