НАЈДОБРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА СЕЛЕКЦИЈА ОД ДЕНЕСКА Е НА СОБИР ЗА ДУЕЛОТ СО КОСОВО

Македонската А фудбалска селекција денеска се собира во Скопје за трите средби што не очекуваат во следните десет дена. Акцент е секако, ставен на првиот со Косово, кој практично е полуфинале од претходното издание на Лигата Д во Лигата на нациите и ќе се игра во четврток во Скопје по што во продолжение имаме и дуели од групата Ц од новата едиција на истото натпреварување. Селекторот Игор Ангеловски по многу промени во последен миг повика 23 играчи кои ќе треба да ја искористат големата шанса да дојдеме близу до учество на завршница на Европското првенство. Елмас сигурно не иде, Пандев е тука од синоќа, но со него по се што се случуваше во Џенова треба да се биде внимателен, па неизвесноста се уште трае и во моментов не е најасно како ние ќе изгледаме и делуваме на Националната арена Тоше Провески за три дена од 20.45 против Косово, кој има слични проблеми. Денеска инаку нашите тренираат во попладневните часови.

Поврзани вести