Најден убиецот на Саздо кој беше во бегство- Јетон Лужа уапсен во Германија

Јетон Лужа бегалецот обвинет за убиството на Саздо е уапсен во Хамбург, Германија, дознава Алфа.

Бегалецот од 2018-та година македонските органи го бараа по распишана меѓународна потерница. 20 годишниот Саздо беше крвнички претепан во Автокоманда, по што беше хоспитализиран и почина во болница.

За убиството на Саздо, Беља и Демири, кои беа обвинети добија по 19 години затвор, додека Лужа досега беше недостапен за полицијата.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста