Најава за протест во ГОБ 8-ми Септември – Директорот им порачува да лечат ковид-пациенти

На хирурзите од ГОБ 8 Септември им пукна филмот. Незадоволни од условите за работа во болницата и проблемите со функционирањето на хирушките сали ги натера од понеделник да ги стават инструментите во фиока и да ги откажат сите закажани операции на пацинетите. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот тим во болницата, кој преку отворено писмо соопштија дека операции ќе бидат извршени само врз пациентите во животозагрозувачка состојба, кои ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Револтот кај хирурзите е во тоа што како колектив не добиваат прием кај директорот на болницата Христијан Костов за да поразговараат за проблемите со хируршките сали.

„Во болницата секојдневно функционираат само две хируршки сали дневно наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот. Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или директорот не ги спроведува ниту предложува други решенија. Во изминативе две години ние сме главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво, а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ ’8 Септември‘ е сè уште на секундарно ниво,, се вели во писмото.

Директорот на болницата Костов наместо да се потруди час поскоро да ги реши проблемите тој им порача на хирурзите да лечат ковид пацинети.

Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа. Меѓутоа согласно бројот на анестезиолози, земајќи го во предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти. Од колегите имаме потреба за помош во лекувањето на Ковид позитивните пациенти кои лежат во Ковид одделенијата, и ќе се вклучат во овој процес на лекување до периодот кога ќе се создадат услови за работа на хируршкиот колектив во полн капацитетвели Костов.

Министерот Филипче за Алфа вели дека отворен е за разговор со хирурзите, за да се надминат проблемите во болницата. Предупредувачкото писмо освен до директорот и до МЗ, испратено е и до Владата и до Фондот за здравство.

Инаку, ова не се едниствените проблеми во ГОБ 8 Септември. Медицинскиот персонал изминатите месеци алармираше за условите во кои работат при што централната клима не функционираше цело лето на ниту едно одделение. Салите на хирургија се за целосно рушење и реновирање, амбулантите на анестезија и траума кои беа тријажен центар и се целосно распаднати,а болницата е со прозори стари повеќе од триесет години.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста