Нагло расте бројот на заболени од коронавирус во Охрид и Струга

Нагло расте бројот на заболени од коронавирус во Охрид и Струга. Во најголемиот туристички центар каде од почетокот на пандемијата, според официјалните информации на Центарот за јавно здравје состојбата со Ковид-19 беше стабилна и заклучно со 5-ти јуни бројот на заразени во Охрид изнесуваше 26, а во Струга 91, деновиве се соочуваме со поразителни податоци.Само послениве 3 дена опасниот вирус е дијагностициран кај 11 лица во Охрид и 14 во Струга-алармантно е тоа што станува збор за нови кластери.
Од охридскиот Центар за јавно здравје, воздржани велат дека со подетални информации ќе изезат најдоцна в среда, кога ќе стигнат резултатите од тестираните кои се поврзани со новите два кластери,сепак потврдуваат дека се земени голем број брисеви.

Еден од заболените е вработен како чувар во Казнено Поправната установа “Затвор” Охрид, кој после годишниот одмор се вратил на работи и при редовната контрола на здравствената сосотојба кај него била покачена телесната температура.Тој бил веднаш пратен на теститрање и резултатот бил позитивен.Ова создаде паника кај вработените во затворот,иако со него малкумина имале краток контакт.Но, сега заболениот полицаец неодма ги честел најблиските за приновата во семејството.Мекиците им преседнаа на 30-тина лица кои допрва ќе бидат тестирани,а еден од нив веќе е позитивен.
Во Охрид вирусот е дијагностициран и кај вработена во пекара,а позитивни се и останатите члениви на нејзиното потесно семејство.

Во Струга пак, кафекуварот во ГЕЦ Глобочица,ја затвори управната зграда,откако бил дијагностициран, вработените работните обрски сега ги извршуваат од дома. Во струшко заразата се прошири и во селски средини каде претходно воопшто ја немаше, а денес има ново заболен и во Лабуништа.Вирусот се шири и во градот, заболени се членови на семејството на 53 годишната пациентка која почна вчера. Од почетокот на пандемијата во Струга и струшко од Ковид 19 починаа 21 лице.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста