Наезда на комарци во Штип, општината никако да испрска

Наздатата од комарци и ова лето им го загорчи животот на штипјани, па прошетките наместо уживање им ги претвара во вистинска агонија. Критикуваат  дека досадните инсекти толку се одомаќиниле во градот што повеќе не помага никакво средство. Искасани со пликови по телата, најпогодени се децата. ..

Врие од комарци. Многу има! Катастрофа! Треба да размислуваат за авионско прскање!-велат граѓаните.

Засега се уште е неизвестно дали во Штип авионски ќе се третираат комарците.Допрва општината ќе бара Советот да и одобри средства .Ништо поразлично не е и во соседната општина Чешиново-Облешево каде што поради оризите се смета за гнездо на комарците.. За да се добие вистинскиот ефект потребно е регионот да се прска истовремено, а не поединечно, смета градоначалникот на КОчани.

   „ Додека јас бев преседавач на Советот на Источно планскиот регион имаше идеја сите заедно да имаме заеднички третман кон комарците и кучињата скитници. За ќал не успеавме да донесеме зањеднка одлука затоа што дел од општините не располагаат со толку средства„- изјави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев

Иако Штип и Чешиново и Облешево веќе најавија дека размислуват за свионско прскање граѓаните коментираат дека мерката е задоцнета, бидејќи некој општини тоа го сториле уште во мај. Во Источниот регион последен пат авионски е прскано 2015 година, по големите поплави што тогаш  го зафатија регионот.

Александра Ристевска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста