НАДАЛ И ЃОКОВИЌ ДЕНЕСКА АТАКУВААТ НА ФИНАЛЕ ВО ПАРИЗ

Денеска на Грен слем турнирот во Париз ќе биде познато и машкото финале по натпреварите Надал-Шварцман и Ѓоковиќ-Циципас. Фаворити се Шпанецот и Србинот, со оглед дека Аргентинецот и Гркот за прв пат се меѓу најдобрите четири на Ролан Гарос. Но, и не мора да значи. Надал неодамна загуби од Шварцман на четвртфиналето во Рим, а Ѓоковиќ во пет меѓусебни средби има три победи над Циципас. Утре на женскиот дел од турнирот се игра финалето меѓу 19-годишната сензација од Полска, Ига Свјатек и шестата носителка, Американката Софија Кенин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста