Надал дојде на 320 поени до лидерот Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ засега останува лидер на АПТ ранг листата но по последниот пораз во Шангај значително е намалена разликата во однос на Надал.

Ѓоковиќ во Шангај загуби 820 поени и сега има 9545 поени додека Надал има 9225 поени, трет во рангирањето е Роџер Федерер додека на четвртата позиција е Данил Медведев. Водечката петорка ја комплетира Доминик Тим.

Потоа следуваат, Зверев, Циципас, Хачанов, Нишикори и Роберто Баутиста Агут.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста