Над 900 починати од корона вирусот

Корона вирусот  зема повеќе од 900 животи.Додека заболени се повеќе од  40 илјади  лица, 187.518 луѓе се под медицински надзор, пренесуваат француските медиуми.

Во кинеската провинција Хубеи, кое е жариштето на епидемијата, заразени се 29 631 лица, смртните случаи има достигнато бројка од 871 лица, а во последните 24 часа се регистирани  2.618 нови случаи.

Бројот на заразени се стабилизира, но рано е да се каже дека пикот на вирусот е поминат соопштуваат од Светската здравствена организација. Со најновите  податоци, жртвите на новиот тип на коронавирус ги надминаа оние од епидемијата на САРС, која во 2002-2003 година зеде 774 жртви.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста