Над 800 илјади евра проневерени во агенцијата за филм!?

Над 800 илјади евра проневерени во агенцијата за филм!?

39 проекти добиле околу 50 милиони денари од државниот буџет, односно 813 илјади евра преку Агенцијата за филм, а ниту снимиле филмови, ниту пак ги вратиле парите назад кај државата – Открива истражувањто на ТВ Алфа. Извештаите од инспекциските служби на министерството за култура до кои дојде Алфа обелоденуваат дека во филмскиот фонд се толерирале дури и  фалсификувани документи. Тоа се случувало бидејќи во агенцијата имало повластени продуцентски куќи, кои се фаворизирале при доделувањето на народни пари.

  • Агенцијата за филм работи нетранспарентно, неотчетно, неодговорно, во работата повластува одредена група на продуценти и работи спротивно на Законот за филм и другите закони. Работата на Агенцијата за филм е подредена на субјективизмот на мал број на лица кои имаат одлучувачки функции во остварувањето на нејзините надлежности. Таквото констатирано работење создава сомнеж за постоење индиции за прекршување и на Кривичниот законик. – Пишува во надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Инспекторите од министерството за култура нотираат дека законот се применувал селективно. Наместо редовно вработените, за тоа кој ќе земе државни пари, да одлучуваат биле ангажирани надвореши соработници. Луѓе кои имале судир на интереси, бидејќи истовремено биле и корисници на дел од средствата за кои решавале каде ќе се доделат. Сите овие скандали и незаконито работење очигледно довеле до внатрешни конфликти во агенцијата за филм.

  • Работната група увиде нарушеност на меѓучовечките односи, комунијацијата меѓу вработените во голема мера, се одвива преку електронски пораки, со употреба на непрофесионален и неетички говор. – Стои во надзорниот извештај.

Од содржината на инспекцискиот надзор се гледа дека списокот на фаворизирани е долг, безмалку 40 ина продукции, за кои надлежните треба во детали да испитаат што и како работеле со доделените пари.

Но она што загрижува е што владата и министерството за култура знаеле дека со години се злоупотребуваат народни пари преку Агенцијата за филм но во поголем дел случаи не реагирале. Зошто е тоа така, останува сериозна дилема за која одговори нема.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )