Над 80 проценти од граѓаните бараат оставка од Филипче- Заев се уште ја чува во фиока

Над 80 проценти од граѓаните сметаат дека министерот за здравство Венко Филипче, треба да поднесе оставка од својата позиција. Вакви бројки покажува анкетата на Организацијата за граѓански активизам и независност, но премиерот не го дели мислењето со големото мнозинство граѓани.

Иако речиси сите бараат одговорност од Филипче, Заев не ја прифаќа понудената оставка. Како причина плус сега вели требало нов да се учи да работи.

-Тежината е голема кај сите, но не можете едноставно да разрешувате министри, Влада, Парламент па дури и цел народ заради оваа болка. Мора да водите грижа за причините и суштината на тоа што се случило. Второ мора да знаете што после тоа, ќе учите некој уште шест месеци да навлезе и да менаџира со короната, со болницата во Тетово, со секој соодветно. Ако ги вратите животите на овие 14 луѓе, не само што ќе си дадеме оставки сите, ќе заминеме и нема да се вратиме во политиката само да се вратат овие луѓе, изјави Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека постојат индиции за злоупотреба и ненаменско трошење на парите од заемот од Светска банка, за што бараат да се разговара и во Собрание. Од опозицијата велат и дека во секоја нормална држава, после вчерашната изјава дека болницата е изградена без никакви дозволи, Заев ќе завршеше во Обвинителството и ќе одговарал.

-Со оваа изјава Зоран Заев призна дека модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 луѓе, немала ниту одобрение за градба, ниту се знае дали исполнети условите за статичност на објектот. Со други зборови несреќа од ваков или сличен тип може да се случи и при било која друга временска непогода, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Инаку, Филипче се уште е на својата министерска позиција, од која прво кажа дека нема да се повлече додека не завршела истрагата, за потоа по жестоките реакции до јавноста, да реши само да ја понуди истата, која се уште не е прифатена од неговиот шеф Заев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста