Над 52 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

Над 52 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип – досега се пријавени над 52 илјади граѓани.

Имунизацијата започна пред два дена, а досега доза примиле вкупно 8.000 луѓе. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи – оние над 65 години, хронично болните, здравствените работници, бремените жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, како и сместените во установи за социјална заштита на стари лица.

Министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини против сезонски грип. Пријавувањето се прави со пополнување на апликацијата на веб-страницата вакцинација.мк, со што се врши директна регистрација во системот Мој термин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста