Над 250.000 верници од целиот свет на интернет ја следеа литургијата во Бигорски манастир

Велигденски литургии како никогаш досега. Ова е снимка од вчерашната богослужба во Бигорскиот манастир. Без присуство на верници, братството на манастирот и сестринството од манастирот во Рајчица синоќа отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота. Во овие вонредни услови кога Македонија се бори со пандемија, црквата ги користи придобивките на дигиталната доба. Вчерашната богослужба онлајн ја следеле над 250.000 луѓе ширум светот.
Иста е сликата низ сите храмови во државата. Велика сабота со празни манастири и цркви. Во соборниот хран невообичаена тишина.
Присутни беа само свештените лица. Завршиле со утринските литургии па се подготвуваа за полноќ и објавувањето на големата вест за Христовото Воскресение. И вечер ќе бидат сами во храмовите, на верниците им порачаа овој Велигден да останат дома.
– Да бидеме сплотени меѓусебно, да се почитуваме и да си простуваме, тоа е универзалната порака во Христијанството – изјави отец Горан Стојчевски
Најголемиот Христијански празник Велигден годинава се спроведува во вонредна состојба. Православните верници наместо в црква, ќе бидат во своите домови. Домаќинките ги вапцаа јајцата, а по 40 дневните постови за утре се спремаат богати трпези, но годинава само во кругот на потесното семејство.
Дејан Трендов