Националната федерација на фармери организираше онлајн средба по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина

Националната федерација на фармери вчера организираше Zoom средба по повод 15 октомври – Меѓународниот ден на жената од руралната средина,  ден кој традиционално се прославува со свечен настан организиран од страна на Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој и Шведската организација за развој We Effect. На оваа средба учествуваа околу 100 жени од руралните средини, претставници на научни, образовни, јавни институции и други организации  кои соработуваат со руралното население.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста