Нацев: Двата столба на безбедноста се сериозно поткопани

Преку низата скандали со кражби може да се илустрира состобата со целиот безбедносен систем во Македонија – вели професорот по безбедност Александар Нацев. Кражбата на оружје и муниција од полициски магацин во Охрид, кражбата на масло од канабис во Алдинци и други сериозни инциденти кои не се целосно расчистени, покажуваат дека тоа не е вирус само во Министерството за внатрешни работи, туку целата структура во безбедносниот систем.

Преку примерот со МВР најдобро може да се илустрира состојбата со целиот безбедносен систем. По кражбата на оружје, кражба на масло од канабис, но да не заборавиме дека и пред година ипол имаше голема кражба на марихуана во Јосифово. Низа сериозни инциденти за кои никој не ни размислува да понесе одговорност, а министерот промовира нови униформи и чизми. Реалноста и уште пострашно, ако ја погледнеме целата слика, не е тоа вирус само во МВР туку цела структура во безбедносниот систем – вели професор Александар Нацев.

Нацев вели дека според сите индекси, полицијата е оценета како корумпирана. Сенка врз работата на Министерството, според него, фрла и последната случка со убиството на ракометарот Тот каде пред да се дознае целата вистина, во јавноста се појавија различни сценарија. Дека основните два столба на безбедносниот систем се разнишани, претходно покажала и кражбата на униформи и опрема во Министерството за одбрана.

Во МО имаше кражба, во магацините. Беа украдени униформи и опрема. Да ги споменеме одливот на квалитетните кадри. Но и масовен број тужби од страна на вработените. Основните два столба на безбедносниот систем се сериозно разнишани – вели Нацев.

Но последниот скандал со спектакуларниот грабеж во Алдинци, не е прв во фабриката „Фајв летерс“.Во 2020 година од објектот биле украдени 60 килограми марихуана. При тогашниот увид, инспектори открија и непријавена количина на канабис, поради што компанијата „Фајв летерс“ ја загуби лиценцата за работа и прогласи стечај.
Ниту случајот со оружјето е украдено од полициски магацин, кој се наоѓа во кругот на поранешната касарна во Охрид, опколен со други полициски објекти за сега не е расчистен. Претходно се огласи Јавното обвинителство, дека оружјето кое било украдено од касарната „Михајло Апостолоски“ било старо и неупотребливо кое било наменето за расход и уништување.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста