Националната спортска федерација на глуви се жали на дискриминација, запоставеност и манипулација

Дискриминација, запоставеност и манипулација во спортската национална федерација на глуви.. Се жалат на манипулирање со глувите лица и незаконски разрешувања и именувања на директори на федерацијата.

„Ние пред извесно време се обративме до Централен регистар дека имаме сознание за некоректни одлуки, како може ова не само што е  манипулација ова е закана, не знам како  како да го наречам “, изјави Димитар Васески член на национална спортска федерација.

Именувањето и разрешувањето на претседател на федерацијата го вршат незаконски лица со поминат мандат велат од националната фередација аплеирајќи дека се прават сомнителни работи кои мора да престанат.

„Не се работи како што треба, има многу прљави работи, немаше никакво примопредавање на документи ни потпишувања“, изјави Тихо Русоски- поранешен претседател на националната федерација.

Освен тоа овие лица се жалат дека секојдневно се соочуваат со притисоци и закани.

За нивните проблеми никој нема слух, велат дека не знаат каде веќе да се обратат, и дека се оставени сами на себе.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста