Наближува почетокот на пописот, дел од дилемите остануваат

Статистика нема алтернатива доколку попишувачите не сакаат да се вакцинираат. Со можноста вакцината да ја прими само оној кој сака, Државниот завод за статистика нема план Б доколку поголемиот број од попишувачите изберат да не се имунизираат, а и граѓаните поради страв од вирусот одлучат да не ги примат дома. Првиот човек на државната статистика , Апостол Симовски, вели дека – доколку постават услов на конкурсот – да може да се пријавуваат само вакцинираните,  тоа ќе биде дискриминација, но истовремено, ваквата позиција на Симовски, не го решава проблемот.

Конкурсот планираме да биде во втората половина на месец јули, значи овој месец. Заради тоа што многумина можат да се пријават и после да се откажат. Помала е веројатноста да се откажат. Во однос на вакцинирањето, прво вакцинирањето е незадолжително. Едно е кога е задолжително, друго кога е на добра волја на тие што треба да се вакцинираат. Ние со МЗ обезбедивме вакцини за сите учесници во пописот. Но дали сите ќе сакаат да бидат вакцинирани? Добар дел од нив можеби веќе и се извакцинирани, дел ја поминале болеста па имаат имунитет, а ние ќе обезбедиме да ја примаат втората доза пред започнување со работа на терен-рече Симовски во емисијата „Што не е јасно“.

Доколку граѓаните одлучат да не ги примат попишувачите дома ќе мора да платат казна. Симовски уверува дека статистичката операција ќе биде безбедна бидејќи здравствениот протокол кој се изготвил за пописот што беше планиран за во април, ќе се применува и сега и покрај олабавувањето на рестрикциите.

Имаме две различни одговорности. Ако давата погрешни информации, одговарате прекршочно, меѓутоа ако ние го реализираме попишувањето, го злоупотребиме пописот, ние одговараме кривично. Значи кривичната догворност е наша кои го спроведуваме. Попишувачот ако не ги почитува стандардите, ги злоупотреби во некакви цели, тој одговара, како и јас, како и сите вработени во заводот, односно ситеучесници во пописот. Граѓаните неможе кривично да одговараат тие може само прекршочно- вели Симовски.

Одложувањето на пописот  никако не е опција за Симовски. Кампањата за локалните изборите во никој случај, според него нема да влијаат на оваа статистичка операција,  бидејќи имало време од еден месец повеѓу пописот и кампањата , а и сумирањето на податоците ќе било подолго од 30-тина дена.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста