Набавката за апарати за отпечаток од прст ќе почне од почеток

Процесот за спроведување на тендерската постапка за набавка на фингерпринт апарати за локалните избори кои треба да се одржат во октомври ќе почне од почеток.Извори од Државната изборна комисија за Алфа велат дека причината се недоследностите во терминологијата која ја употребувале вработените во ДИК, кои требало да дефинираат кому треба да му биде земен отпечаток од прст на гласачкото место како и условите кои треба да ги иосполнат компаниите кои ќе се јават на тендерот.

Наместо биометриска идентификација на гласачите оперирале со термин електронска идентификација на лица. Ова според виосоки извори во ДИК можело да доведе до нарушување на изборниот процес.

Во новата комисија која ќе работи на постапката за фингерпринт ќе бидат тројца членови на ДИК кои ќе ги заменат вработените кои до сега работеле на условите. Од највисокиот државен изборен орган велат дека дефинирањето на условите за учество заедно со распишувањето на тендерот треба да завршат до Јуни.

Локалните избори треба да се одржат во Октомври, И власта и опозицијата се надеваат на добар резултат. Опозицијата е убедена дека последните анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори. Лидерот на партијата Миоцкоски во интервју за 360 степени истакна дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е сериозна и стабилна

Социјалдемократите исто така го испитуваат јавното мислење за тоа со кои кандидати да истрчаат на локалните избори. Заев во неколку наврати спомена дека неколкумина од актуелните градоначалници заслужиле нов мандат, но дека членството и граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста