На унгарско-српската граница откриен тунел за илегален влез на мигранти

Унгарската полиција изминатиов викендот открила тунел под жичаната ограда на унгарско-српската граница. Бил спречен илегален премин на повеќе од 300 мигранти во неколку акции.

Тунелот во должина од  24 метри, бил откриен во соработка со српската армија во близина на унгарскиот град Морахал и најверојатно  бил користен за нелегален влез на мигрантите во Унгарија од каде заминуваат во Западна Европа.

Ова е трет подземен премин под оградата откриен во последната година во тој регион, пренесува РТС.

Граничната полиција уапсила 54 лица кои се обиделе да ја прескокнат или да ја пресечат жичаната ограда на унгарско-српската граница, а 258 мигранти биле пронајдени во граничната зона без документи. Повеќето од нив се државите во Блискиот исток.

Унгарија од крајот на мај бележи големо зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во земјите на ЕУ, а само минатата недела имало речиси 900 обиди за илегално преминување.

Унгарските власти повторуваат дека Унгарија нема да ја отстрани оградата на унгарско-српската граница, и ќе ја зајакне одбраната на шенген зоната со цел да ги спречи мигрантите илегално да влезат на територијата на ЕУ.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста