На уапсениот во Вевчани му се заканува една година затвор, за палењето на бугарскот знаме тројца добија кривични

Ѓоко Влајнкиноски кој беше единствениот приведен во инцидентот за време на Вевчанското карневалското дефиле на василичарите,по 4-ри часовен распит, полициската станица ја напушти како сторител на 3 прекршочни и една кривична пријава.

-Иако за време на карневалот бев на сила и незаконски спроведен во полициското комбе,бидејќи за приведувањето не постои никаков записник,во петокот на 15-ти јануари,во 18 часот полициски службеници ми дојдоа на врата со покана веднаш да се јавам во полициска станица, врз основа на член 142 став 6 од законот за кричина постапка-раскажува Влајнкиноски.Иакозаконот врз основа на кој ме повикувааат од МВР е вон сила,јас уредно одговорив на покана и се јавив на распит.Полицијата против мене поднесе 3 прекршочни и една кривична пријава за која според кривичниот законик следува парична или казна затвор до една година.

– Јас ни еден записник не потпишав освен моите изјави што ги дадов во полициската станица.Обвинет сум за загрозување на здравјето на граѓанте за време на епидемија.На прашањето мое,со што сум го загрозил здрвајето на граѓаните,ми беше кажано дека сум учествувал во прослава и дека сум повикувал други граѓани на групно славење. Јас останав збунет,знаев дека во Вевчани нема никаква прослава, изјави Ѓоко Влајнкиноски

Прекршочните пријави се однесуваат за омаложување и навредување на полициски службеник во вршење на служба,неовластено снимање и неносење маска.

-Незнаев дека треба овластување за снимање на јавен настан кој се одвива на јавен простор кој истиот настан го снимаа, фотографираа, стотици граѓани, новинари и фоторепортери-вели Влајнкиноски и ги отфрла прекршочните пријави.Единствено за што можат да ме теретат, е неносење маска-додава Влајнкиноски кој е Претседател на О.К.на ВМРО ДПМНЕ во Вевчани.

-Јас ќе се борам институционално,не се предавам,не се плашам бидејќи сум невин, знам дека ништо не направив и сето ова го сметам за политички прогон врз мене.Меѓутоа она што длабоко пече и боли е лицемерието на власта од СДСМ кое драстично се разликува од случај во случај, дополнува Влајнкиноски

Што се однесува на инцидентот со палењето на бугарското знаме,од МВР информираат дека идентификувале 3 лица кои биле повикани на информативен разговор и против кои е поднесена кривична пријава по член 181 од кривичниот законик.Тие се теретат за повредна на угледот на странска држава за што следува парична или казна затвор во 3 години.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста