На тетовски семејства им се наложувало починатите од корона да ги закопуваат во нови гробни места, комисијата го испитува случајот и најави решавање

На неколку тетовски семејства кои имаат починати роднини од ковид 19, им било наложено да ги погребаат на новите православни гробишта во село Фалише, и покрај тоа што имаат семејни гробници на старите градски гробишта.Со ова се нарушуваат нивните верски права и чувства.Траумите за нивната загуба се секако големи, па закопот на друго место предизвикува дополнителна  вознемиреност кај семејствата.По нивните рекации денеска се одржа состанок, на кој надлежните велат дека грешката ќе се исправи и во иднина починатите ќе се погребуваат во семејните гробници, освен, ако за тоа нема услови.

За случајот известено било и  ресорното министерство, од каде им наложиле на погребалните оператори во иднина да го вршат закопот во семејните гробници, што е и право на верниците. Операторите закопите ги вршеле на новите гробишта, најверотајно поради подобриот пристапен пат до таму. Инаку, новите православни гробишта се наоѓаат во село Фалише, на неколку км од Тетово,па освен што семејствата имаат дополнителни трошоци за ново гробно место, мораат да се снаоѓаат и за превоз до таму.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста