На социјалните мрежи се нижат рекорди во брзо возење-полицијата тврди ги казнува сите

Возење со 290 км на час на автопатот Тетово- Гостивар.Се нижат рекорди на пребрзо возење, кое станува се поактуелно и сетоа тоа јавноста го гледа на социјалните мрежи.Последното кое е објавено на Тик ток,прикажува како млад возач вози со 290 км на час,но, во видеото се забележува дека ова не му е прв пат.Колку контролира и казнува МВР? Портпаролот Тони Ангеловски, кој денеска беше во Тетово , токму да информира околу контролите за пребзро возење, вели дека и овие случаи се санкционирале,но, не кажа никакви детали.

  • Постојано ги санкционираме сите прекршоци, токму и овие за кои прашувате.Токму затоа и сме присутни и на автопатиштата, сите кои ќе прекршат закон следи соодветна казна-рече Тони Англеовски- Портпарол на МВР.

Полицијата вели дека контролира и казнува, но и покрај ова, се чини секој вози со каква брзина си сака.Само вчера полицијата открила близу 100 случаи каде се возело пребрзо.

МВР засега не планира други активности, освен контролите и апелите да се вози внимателно и со почитување на правилата.Но,прашање е колку ова има ефект, со оглед што секојдневнмо гледаме трки низ улиците.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста