На скопјани им пука филмот: Доста веќе градоначалничката Арсовска го држи Скопје во заложништво

На скопјани им пука филмот: Доста веќе градоначалничката Арсовска го држи Скопје во заложништво

Градот се дави во смет, на пеколни температури не работатат фонтаните, граѓаните се жалат нема автобуси, искршени се речиси сите споменици, а чашката ја прели скандалот со слоницата што угина пред неколку дена.

За неколку месеци во скопската зоолошка угинаа повеќе животни и никој не понесе одговорност, ниту градоначалничката Арсовска се одважи со одговори. Без автобуси и со смет среде плоштад, граѓаните се гневни и бараат Арсовска да се повлече и да не го држи градот во заложништво.

Директорите ги менува како чорапи, а мислењето на граѓаните за ужасот во центарот на градот очигледно не допира до нејзе.

За три години, таа успеа да смени 25 директори на јавни претпријатија, а за скопски воодовод ќе треба по седми пат да именува директор.

Не само граѓаните на улица, лавина реакции и незадоволство и од поранешни функционери на град Скопје по последните откази на директорите во претспријатијата Градски паркинг и Водовод. Свој коментар на темава даде Бојан Христовски, поранешен директор на „Градски паркинг“.

 Бојан Христовски, поранешен директор на „Градски паркинг“.

Продолжува серијалот наречен “промена на директори што не ми се по кејф!” Последни на дневен ред се новите смени на директори во ЈП “Водовод и канализација” и ЈП “Градски паркинг”. На последните парламентарни избори, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со нејзината купена партија во Скопје освои околу 2500 гласа или само 2% од гласовите кои претходно ја направија градоначалник! Се прашувате каде се стопија 118749 гласа кои ги освои на локалните избори во 2021 година?!

И докторот Нико Беќаровски и се обрати на градоначалничката на Скопје, Тој побара таа да се повлече од градоначалничката функција.

Нико Беќаровски, доктор

„На моето Скопје

На моето Скопје му треба нов в.д. градоначалник УШТЕ ДЕНЕС, УТРЕ Е ПРЕДОЦНА !!!!

Некој/ја кој/а ќе има поддршка од сите советнички групи И УШТЕ ПОВАЖНО ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈАНИ.

Данела Арсовска, во првите шест месеци од мандатот ги чистеше дивите депонии, промовираше отворена канцеларија за скопјани и посветено ја „чешлаше“ работата на својот претходник. Во изборната кампања ветуваше бесплатен јавен поревоз и 250 нови автобуси. По три години од нејзиниот мандат, ЈСП функционира со неисправни авотбуси, а само два се запалија во последниов месец. Не само на дивите депонии, центарот на градот е преплавен со ѓубре.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста