На сила ќе се турка идејата за етнички вработувања да важи од следната година

Откако пред само неколку дена тврдеше дека е неблагодарно државните пари да се делат по етничка основа, сега отворено зборува како во Владата ќе има голема дебата околу ова прашање. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи сега со поинаков став. Нема одговор ниту дали веќе се планира сума за овие субвенции во буџетот за следната година. Тогаш, според министерот за економија Бектеши треба да почне да се реализира оваа мерка.

Додека се прави притисок врз приватните фирми да вработуваат луѓе од други етнички заедници со државни субвенции, 1.300 таканаречени рамковни кадри се уште чекаат да бидат распоредени. И покрај тоа што Владата 3 години не успеа да го реши ова прашање, поранешниот министер за администрација Манчевски вети дека тие ќе почнат да одат на работа за неколку месеци, а ако одбијат ќе им бидат прекинати договорите. Сега Битиќи тврди дека е неблагодарно да се бара епилог по само 23 дена. Неговиот колега Артан Груби работел на ова прашање и што е најважно, не смета дека на овој начин нерационално се трошат народни пари за плати на луѓе кои седат дома.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста