На што се согласиле Османи и Димитров во Берлин ?

Што договориле Османи и Димитров во Берлин ? Од министерот за надворешни работи  одговор нема на прашањата на Алфа. Но од кабинетот на Димитров ни испратија дел од неговото последно интервју како одговор.

Мислам дека најдовме формула за прашањето на краткото име кое исто така е прашање,како да кажам,да се отвара прашање на име после 27 годишен спор околу името не е пријатно. Јасно е дека и долгото и краткото име  Република Северна Македонија и Северна Македонија  се однесуваат на оваа држава…. Јас мислам дека резервата на Софија во однос на македонскиот јазик е инвестиција во лоши односи….истакна Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Дека сепак македонската и бугарската страна во Берлин постигнале  некаков неформален договор –  потврдува претседателот на државата Стево Пендаровски. Според него двајцата со Захариева договориле начин како Бугарија да не ни стави вето.

Сега тимовите не разговараат тимовите разговараа пред некој ден во Берлин тоа е јавно познато. Таму на маса циркулирале неколку идеи и со исклучителен ангажман на двајцата германски министри. Беше најден, според избори од двете делегации  беше најден заеднички договори или компромисен текст…Наводно тоа што е усно договорено во Берлин е подоцна одбиено и од нивниот претседател,но и од нивниот премире Борисов, рече Стево Пендаровски – претседател на државата

Додека македонските власти калкулираат кои инфомации ќе ги кажат во јавноста, бугарскиот премиер со остри пораки кон Заев, откако македонскиот премиер  вчера кажа дека Бугарија го кршела договорот за добрососедство. Каракачанов порача мора анекс, но и признавање на историјата. Вели дека не треба да се надеваме дека некој ќе ни ја среди работата.

 „Сепак, Македонија верува дека може да вози според старата балканска верзија – дека ќе најде патрон, како порано Белград, а сега Брисел и Берлин, и некој друг ќе ги извади костените од Бугарија. Не, момче мое, откако ќе го создадеш овој жар, сега ќе мешаш и ќе ги извадиш костените со твоите раце!“, рече Каракачанов за Факти.бг.

Бугарските медиуми се повеќе пишуваат за бугарските услови што Скопје мора да ги прифати. Порталот Mediapool.bg, повикувајќи се на дипломатски извори, објавува дека тоа се: добрососедските односи да бидат критериум за членство во ЕУ, да се користи официјалното уставно име „Република Северна Македонија“, а формулацијата за јазикот да биде „официјален јазик“…

Остануваат само уште неколку дена за да изнајде решение за Бугарија да не не блокира и првата меѓувладина конференција да се одржи кон крајот на годинава.  Но според пораките на високите бугарски претставници се позивесно е ветото. Дури ни Педнаровски не е оптимист.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста