На Шекеринска не и се допадна „никогаш Северна, само Македонија“, па реши да не дава изјава

Вака беше дочекана министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во име на владата положи цвеќе во вечното почивалиште на македонскиот национален херој Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Ваквите скандирања не и се допаднаа на Шекеринска, која обвини дека извиците биле политички инструирани. Иако првично застана пред медиумите за изјава, Шекеринска подоцна се премисли, тврдејќи дека луѓето што скандирале биле членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи и затоа не сакала да им прави  промоција.

Гоце Делчев е еден од најголемите македонски национални херои, но по потпишувањето на договорот со Бугарија, неговото потекло и националност стана и официјално тема на преговори меѓу Македонија и Бугарија. Нашиот источен сосед бара земјава да признае дека Гоце Делчев е Бугарин, за да напредува во евроинтегративниот пат. Актуелната влада предводен од СДСМ релативно благо реагира на острите изјави од Софија. Па дури има и такви, како професорот Денко Малески, кој инаку е советник на претседателот Пендаровски и близок до владата, кои се согласуваат и тврдат дека Делчев е Бугарин и дека Македонија морала да ја прифати таа реалност, за да почне преговори со ЕУ.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски потенцира дека не смее да се преговара за Делчев, вели тој е Македонија и никој не можел да го разубеди дека не е Македонец.

И поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, предводејќи ја делегацијата на Собранието на Македонија, вели дека Гоце Делчев не смее да биде предмет на политички договори.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој во минатото изјавуваше дека било факт дека Делчев се изјаснувал како Бугарин, не се појави во црквата Светски Спас. Делегацијата од Вила Водно беше предводена од шефот на неговиот кабинет Миле Бошњаковски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста