На работа на плус 40 – најпогодени градежниците и земјоделците

На работа на плус 40 – најпогодени градежниците и земјоделците

„Висат“ по скелиња и на 40 степени  – градежниците се под страшен притисок на газдите во страв да не добијат откази, и покрај препораките од надлежните за заштита од топлотниот бран градежните активности си течат во нормален ред.

Алфа направи обиколка во главниот град, не повеќе градилишта се работи и во нај топлите часови од 11 до 17 часот. На терен се и трудовите инспектори низ цела Македонија, од инспекторатот велат дека прават засилени контроли, особено во текстилната индустрија и во градежништвото.

“За изминатите два дена Државните инспектори за труд во градовите Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци извршија вкупно 35 инспекциски надзори и тоа 31 вонредни надзори и 4 контролни надзори .При извршување на вонредните инспекциски надзори на работодавачите им се издадени вкупно 4 решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките” велат од инспекторатот за труд.

Горештините и високите температури ја вжештија телефонската линија на Итната медицинска помош.Таму работата е двојно зголемена изминативе неколку дена.Најчесто повиците се за колапси, мозочни и срцеви удари, висок крвен притисок, сообраќајни незгоди, а има пријави и за повредени градежни работници.

Лекарите апелираат, највнимателни во овие топли денови да бидат повозрасните граѓани, хронично болните, како и бремените жени.

Изминативе неколку денови,во Македонија е прогласена жолта и портокалова алертна фаза. Владата препорача ослободување од работни обврски на трудниците и лицата над 60 години и избегнување на физички активности од 11 до 17 часот.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )