На работ на катастрофа: Европа затвора ресторани и училишта, ангажира студенти, ги враќа монтажните болници

100 илјади нови случаи на корона вирус регистира секојдневно Европа и ги надмина Соединетите држави кои имаат по 51 илјади.  Враќањето на нормалните активности по летното олеснување на мерките предизвика нагло зголемување на бројот на ново дијаностицираните па тоа ги натера властите  да ги засилат мерките.

Чешката Република премина на учење преку интернет и планира да повика илјадници студенти по медицина за да им помогнат на докторите. Полска ја интензивира обуката на медицински сестри и поставува воени монтажни болници, Русија ќе пренасочи многу ученици на часови преку интернет, и  ќе ангажираа студенти, кои ќе ги заменуваат наставниците од основните училишта, кои припаѓаат во ризилните групи..  Северна Ирска, соочена со зголемениот број на ново заразени, одлучи да ги затвори училиштата на две недели.

Политичарите во Германија расправаат дали да ги продолжат новогодишните и божиќните распусти за да ја смират заразата. Германската канцеларка ги повика граѓаните да покажат дека лекцијата е научена. 

Мораме да ги замолиме луѓето од Европа да бидат претпазливи, да ги следат правилата, да се држат на дистанца, да ги покриваат устата и носот и да сторат се што можат за да го елеминираат вирусот, а притоа да ја одржуваат економската активност“, додаде германската канцеларка за време на видео конференцијата.

Кафулињата и рестораните веќе добија клуч на врата во Холандија,а  училиштата засега остануваат отворени. Идентична е ситуацијата и во Шпанија.

Француската влада вчера прогласи вонредна состојба во јавното здравство, а претседателот Емануел Макрон објави дека ќе се воведе полициски час во Париз и во другите големи градови од девет навечер до шест наутро. Мерката стапува во сила в сабота и ќе трае четири недели.

И во Англија  приемите во болниците се во пораст, а монтажните болници изградени пролетта повторно се подготвуваат.

И земјите од регионот преземаат мерки за да го избегнат најцрното сценарио. Хрватските здравствени власти по рекордниот број на новодијагностицирани, ги заострија мерките. Носењето маски е задолжително во затворени простории и на јавни места, кафулињата и рестораните не смеат да работат по полноќ, а бројот на гости во нив е ограничен. Организаторите на јавни собири со повеќе од 50 лица мора да побараат дозвола најмалку пет дена однапред.

Мерките се заоструваат и во Словенија, од понеделник, наставата ќе се одвива онлајн за петооделеннците и повисоките класови, а  се воведуваат  ограничувања на движењето помеѓу 7-те  региони во земјата кои се во црвената ковид фаза..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста