На приватните специјализанти им се допаѓа предлогот на Таравари, чекаат да ги прими и стабилно да ги договарат работите

На приватните специјализанти им се допаѓа предлогот на Таравари, чекаат да ги прими и стабилно да ги договарат работите

Приватните специјализанти во неизвесност. Не протестираат, со надеж дека ќе најдат заеднички договор со министерот за здравство. Тие чекаат прием кај Таравари за да ги образложат нивните барања за повисоки плати, здравствено осигурување и решавање на нивниот работен статус.Министерот за нивните барања кажа дека ќе бара решение, се со цел Македонија да не ги изгуби докторите. Неговиот предлог беше тие да добијат решение за работа и да се распоредени во јавното здравство кај што има дефицит на кадар.

Приватните специјализанти велат дека би го прифатиле предлогот на министерот, но се да биде разумно решено. Да се разгледа кој специјализант во кој град каде живее и каде му е фамилијата таму да биде вработен, според нив тоа ќе биде добро и за нив и за јавното здравство.

Младите доктори алармираат дека, ако државата не го вклучи побрзо зеленото светло и не ги тргне препреките пред нив, голем дел од нив ќе заминат надвор до Македонија.

Околу 400 приватни специјализанти и покрај негодувањето, протестите, продолжија да ги извршуваат своите задачи. Лекуваат пациенти, а тие се без здравствено осигурување, дежураат и по 24 часа, работат рамо до рамо со своите колеги и за тоа добиваат 26.000 денари. Надлежните, претходно, не ги прифатија нивните барања за надоместок од 40.000 денари, здравствено осигурување и решавање на нивниот статус.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста