На повидок бојкот на новата учебна година

Додека министерството за образование сеуште крои планови како ќе се одвива наставата од септември, законот за учебници трпи усогласувања според  европското законодавство-родителите преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ најавија бојкот на наставата од септември. Доколку МОН и министерката Царовска не ги прифатат нивните забелешки на законот за учебници и не му дадат значење на референдумот тие ќе го бојкотираат почетокот на учебната година.

– Ни побараа писмено преку маил да им испратиме, но никогаш не ни вратија, макар да кажат кога би можел претседателот да не прими. Никогаш не ни одговорија ни од кабинетот на премиерот, иако и од него баравме средба. Единствена средба имавме со луѓе блиски на министерката Мила Царовска, но никогаш не ни дадоа записник од тој состанок, дури ни на маил не ни го пратија. Работната група која беше на средбата ни ветуваше дека и интернет пристап ќе им се обезбеди на децата, како и електронски уреди. Ама како? кој ќе го изработи тој прирачник за кој јавниот повик трае во моментот, а треба да се имплементира веќе од септември?! Чист аматеризам, вели Спасевска.

Родителите се противат и на сексуалното образование. Спасевска тврди дека освен предметот сексуално образование во 9-то одделение, ќе се воведе сеопфатно сексуално образование, имплементирајќи го во секој предмет уште од пред училишна возраст. 

Според новата концепција за образование, полот е биолошка и физиолошка одлика на една индивидуа, а родот е општествена и социјална одлика на еден човек. Е сега, од тука произлегува и нивната дефиниција дека родот е флуиден, што значи флуиден? Може да се менува-рече Спасевска.

Според Спасевска МОН никогаш не контактирало никој од родителските совети. Меѓу другото вели дека сериозен пристап на реформските процеси почнала поранешната министерка за образование Рената Десковска, ама никој не знае како тие завршиле.

-Во времето на поранешната министерка Десковска, таа се заложила за реформи, но со 6 работни групи, 700 наставници… Експерти, сите инволвирани структури… Што се случило со овие реформски процеси, во која фиока се заглавени, ја повикувам Десковска да ни ги објасни и да каже зошто Царовска почна да прави нешто вакво директно и наметнато, вели Спасевска.

Родителите наметнуваат и друга дилема за која од МОН нема глас. Министерството се уште ја нема објавено  ИТ компанијата која би ги набавувала електронските уреди за учениците, ниту пак дали ќе има сервисери во секое училиште.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста