На Охрид му недостига современ театар

Охридскиот Народен театар е еден од театрите во Македонија кој има најлоши услови за работа и со потешкотии функционира во објектот на Центарот за култура кој е изграден пред околу 70 години. Изградбата на нов театар требаше да почне до крајот на 2017-та и да биде еден од најраскошните и луксузни театри во Македонија, но ништо од тоа. Пари за изградба на нов театар-нема, а нема нити воља да се крпари постојниот објект, Центарот за култура иако беше ветено.
За охриѓани но и туристите е недозволиво вековната, културна престолнина на Македонија, градот Охрид да нема соодветен објект во кој ќе се негува уметноста и духот на културата.

Театарските работници, во повеќе наврати укажуваа дека работаат во мизерни услови.

Охрид е гладен за театар, тоа е единствениот стимул што сите нас не тера да работиме под вакви недостоинство услови-велат театарските работници. Дополнуваат дека за да се донесат престави кои се хит во Европа треба Центарот за култура технички да се доопреми. Само на тој начин и Охридско лето би можело да донесе позначајни театарски остварувања од светски ранг.

Росица Голабоска