На Клиниката за трауматологија изведени четири операции на р’бетен столб кај деца што биле на листа за упатување во странство
Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија при Клинички центар Скопје, минатата недела беа изведени четири операции на р’бетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во странство.
Тим од странски експерти од Турција предводен од Проф. Уфук Ајдинли ги операции во рамките на едукативната мисија која што остварува во соработка со клиниката за Трауматологија. Проф.Ајдинли заедно со раководителот на Трауматологија д-р Игор Мерџановски ги изведоа овие оперативни зафати.
Два пациенти биле подолго време со вродено заболување р’бетниот столб и долго време биле на листата на чекање. Кај третата пациентка е направен за првпат оперативен зафат за третман на искривување на рбетниот столб кифоза и тоа со задна ресекција на пршленско тело со стабилизација и корекција. Со оваа операција се овозможи пациентката да се врати во нормален живот.
Последниот пациент е момче кое што веќе еднаш било оперирано во странство на вратен р’бет и поради комплексноста на операцијата и системот кој што е вграден имаше потреба повторно да се упати на операција во странство.
Покрај оперативните интервенции прегледани беа 15 пациенти кои што ќе бидат третирани во нашата земја. Посебна важност е дадена на пациентите кои што имаат туморски заболувања на р’бетниот столб.
Пренесувањето на доктрините и соработката на УК Трауматологија од спиналниот центар при ТОАРИЛУЦ продолжува во насока на праќање на наши хирурзи и неврофизијатри на престој и обука во еминентни болници во Турција.
Од голема важност е заштедата на ресурси која што е направена при овие интервенции и прегледи, особено за семејствата на пациентите.