На „Ју-Ес Опен“ се појави првиот позитивен случај на короноавирус

На „Ју-Ес Опен“ се појави и првиот позитивен случај на короноавирус. Од Американската тениска федерација информираат дека не се работи за натпреварувач, а личноста позитивна на Ковид 19 нема симптоми и ќе биде во самоизолација во наредните десет дена. Тестирањата пред мастерсот во Синсинати и „Ју-Ес Опен“, почнаа минатата недела, а досега се направени 1.400 тестови. Грабине Мугуруза е последната која се повлече од Синсинати и засега неизвесен е нејзиниот настап и на „Ју-Ес Опен“ поради болка во левиот скочен зглоб. Настапот во Њујорк го откажаа и Халеп, Барти, Свитолина, Андреску, Бертенс, Бенчиќ, како и бранителот на титулата кај мажите, Рафа Надал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста