На Инфективна со ограничен број на скафандери, Филипче демантира

Без скафандери само со мантили, ракавици, маски и капи со оваа униформа работи дел од медицинскиот персонал во Инфективната клиника во Скопје кој секојдевно се во контакт со заразените од коронавирус тврдат извори за Алфа во клиниката. Велат дека, скафандерите биле наменски – односно ги користеле само при интубација – кога пациентите ги ставале на респиратори. Оваа информација министерот за здравство ја демантираше – тврди дека медицинарите имале доволно заштитна опрема.

Знам јас лично но и сите инволвирани, дека заштитна опрема има и дека тие луѓе што се таму имаат искуство,не им е прв пат да работат со вакви заразни болести. Има соодветна едукација и искуство во користењето на таа опрема. Дел од резервите вкупни на министерството за здравство физички стојат на Клиниката за инфективни болести вели Венко Филипче, министер за здравство.

За недостатокот на заштитна опрема не се жалат само медицинските лица од Инфективната клиника, за истата судбина јавно проговорија и останатите медицински работници како и матичните доктори. Целиот овој период очајно молат за маски, визири, капи, каљачи, ракавици- насекаде, по медиумите и социјалните мрежи, а сериозна бројка од нив веќе се заболени.

„Јас сметам дека нема воопшто заштите, а не делумна заштита. Од Министерство за здравство сме добиле само поддршка и ништо друго. Ние сме ставени во позиција како Невладина организација на млади лекари и специјализанти да спасуваме све живот и диво. Срамота е да се дозволи нас да не бараат за заштитна опрема јавни здравствени установи. Ова на терен моментално што се случува особено со матичните лекари е скандалозно“, вели доктор Ненад Лазаров.

Доказ дека не се доволно заштитени здравствените работници кои се во прва борбена линија против невидливиот непријател, е денешната бројка новозаразени во кумановската болница, 6 лица. Во меѓувреме, тестирани се 71 здравствен работник во оваа болница, за кои од нив најверојатно се уште се чекаат резултатите.Инаку, бројот на заразени медицински лица од коронавирус досега е околу 80.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста