На Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Прилеп, итно му е потребен дефектолог

На Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Прилеп, итно му е потребен дефектолог

Тринаесет деца на возраст од 6 до 36 години со церебрална парализа веќе шест години, секојдневно ги користат услугите на специјализираниот Дневнен центар во Прилеп. Постоечкиот стручен персонал од 6 лица, засега целесно може да одговори на специфичните потреби на овие лица, меѓутоа, велат дека во Центарот итно е потребен дефектолог за тимот да биде комплетен.

Во моментов, сме во недостиг на кадар, ни е потребно да примиме веднаш и неодложно дефектолог на што и работиме. Имаме тринаесет корисници во моментов на услугите на Дневниов центар, а се подготвуваат документи за прием на уште еден корисник на услугата и сметаме дека во моменталниов капацитет ова е доволно за да му се пружи целосна услуга на нашите корисници кои што се во моментов“, – кажа Зоран Малковски, дипл.социолог и в.д. директор на ЦСР – Прилеп. 

  „Најчесто гледаме да работиме индивидуално затоа што индивидуалната работа придонесува многу повеќе за разлика од групната… Значи, со децата доста се работи. Имаме дечиња што воопшто не знаеле ни да лазат, ни да одат, а сме ги проодиле, почннале и со говор, и со од…има многу придобивки“, – рече Милена Кареска, медицинска сестра.

  Волонтерски, со овие дечиња веќе една година работи и пензионираниот професор по физичко воспитание, Трајче Зуљамоски. Вели дека целта му била хумана, со своето стручно знаење да им го олесни на овие дечиња.

 „Имаше деца кои не можеа да направат ни една вежба со стомачни мускули, не можеше фактички ни да станат од кревет, друго дете не можеше ни еднаш да клекне, да стане, значи не може да котристи такаречи ни тоалет. Е, тука, јас го гледам напредокот кај тие деца“, – објаснува Трајче Зуљамоски, пензиниран професор по физичко воспитание и волонтер.

 „Јас се викам Виктор Бошкоски. Имам 12 години. Играм фудбал, учам песнички и друго. Многу ни е убаво овде, се дружиме со другарчињата“, – ни рече малиот Виктор Бошкоски, корисник.

  Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп денеска го прослави шестиот роденден. По тој повод, во име на ЛС, а по претходно барање на ЦСР, градоначалникот Борче Јовчески на Дневниот центар му подари вертикализатор, а вети и други донации во наредниот период.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста